СЛАВНА АМЕРИКАНСКА ПОДМОРНИЦА ПРОНАЈДЕНА 80 ГОДИНИ ПО УНИШТУВАЊЕТО ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

    СЛАВНА АМЕРИКАНСКА ПОДМОРНИЦА ПРОНАЈДЕНА 80 ГОДИНИ ПО УНИШТУВАЊЕТО ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА„Хардер“ беше пронајдена на длабочина од 914 метри покрај филипинскиот остров Лузон

    Остатоците од американска воена подморница која потопи најмногу јапонски воени бродови во Втората светска војна се пронајдени во Јужното Кинеско Море, 80 години откако беше уништена. „Хардер“ беше пронајдена на длабочина од 914 метри покрај филипинскиот остров Лузон, а била потопена во битка на 29 август 1944 заедно со посадата од 79 мажи.

    Во една од своите последни патроли, оваа подморница потопила три јапонски уништувачи и тешко оштетила уште два за период од четири дена. Тоа ги принудило Јапонците да ги променат своите борбени планови и придонесло за нивниот пораз.

    „‘Хардер‘ била изгубена на курсот кон победата. Не смееме да заборавиме дека таа победа имаше цена, исто како и слободата“, изјави пензионираниот американски адмирал Семјуел Кокс.

    Филипини беше едно од главните пацифички бојни полиња во Втората светска војна и тука се водеа славни поморски битки.

    Хардер“ беше пронајдена во рамките на проектот „Изгубените 52“, чија цел е пронаоѓањето на 52 американски подморници изгубени за време на Втората светска војна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира