ШТИП ДОБИ НОВ ПОЛУЗАТВОРЕН ПАЗАР СО 50 ТЕЗГИ И ПАРКИНГ ПРОСТОР

    ШТИП ДОБИ НОВ ПОЛУЗАТВОРЕН ПАЗАР СО 50 ТЕЗГИ И ПАРКИНГ ПРОСТОРЗа новиот пазар општината потроши над 12 милиони денари (Фото: СДК.МК)

    Од денеска, Штип има нов полузатворен пазар, кој се простира на 1.200 квадратни метри како продолжение на веќе постојниот пазар, кој е со исти површина и капацитет. Новиот пазар е со проѕирен покрив, современа подлога, 50 тезги и паркинг простор за најмалку 100 возила, каде што ќе можат да се паркираат земјоделските производители од Источна Македонија.

    „За новиот пазар потрошивме над 12 милиони денари, но сметаме дека создадовме модерни услови за продавачите, од кои поголемиот дел се од регионот и нудат исклучиво домашно производство, но и за самите купувачи, кои во петок, кога е традиционалниот пазарен ден во Штип, масовно го посетуваат и пазаруваат“, рече градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

    Со нов асфалт се реконструирани сите улици околу пазарот, со што продавачите и граѓаните ќе имаат многу подобри пристапни услови до градскиот пазар. Пазарот ќе работи преку цел ден и секој ден, а во саботите и неделите ќе има скратено работно време.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира