ДАНСКАТА ПРЕМИЕРКА НАПАДНАТА НА ПЛОШТАД ВО КОПЕНХАГЕН

    ДАНСКАТА ПРЕМИЕРКА НАПАДНАТА НА ПЛОШТАД ВО КОПЕНХАГЕНСпоред сведоци, маж ѝ пришол од спротивна насока и ја турнал силно по рамето, по што таа за малку не паднала. - Данската премиерка Мете Фредериксен (Фото: Политик.де)

    Данската премиерка Мете Фредериксен е „шокирана“ откако синоќа беше нападната на плоштад во центарот на Копенхаген, соопштија од нејзиниот кабинет. Маж ѝ се приближил и ја удрил, по што е уапсен.

    „Премиерката Мете Фредериксен беше удрена во петокот вечер на Култорвет во Копенхаген од маж кој потоа е уапсен. Премиерката е шокирана од инцидентот“, се вели во соопштението од кабинетот на премиерка, без да се откриваат детали.

    Полицијата, исто така, не откри детали за нападот.

    Нема коментар за мотивите на напаѓачот засега. 

    Според сведоци, маж ѝ пришол од спротивна насока и ја турнал силно по рамето, по што таа за малку не паднала. 

    Нападот се случи два дена пред изборите во Данска за Европскиот парламент.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира