ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ ОБЈЕКТ НА БИТОЛСКАТА ПОЖАРНА

    ПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ ОБЈЕКТ НА БИТОЛСКАТА ПОЖАРНАНовиот објект ќе биде со површина од 1.600 квадратни метри и планиарано е да биде завршен до карабина до крајот на оваа календарска година. (Фото: СДК.МК)

    По речиси два века постоење на најстарата противпожарна единица на Балканот, битолската Пожарна, таа ќе добие нов објект. Откако заврши расчистувањето на теренот на стариот и руиниран магацински простор во старата касарна, денес беа поставени темелите на новиот противпожарен дом.

    Новиот објект ќе биде со површина од 1.600 квадратни метри и планиарано е да биде завршен до карабина до крајот на оваа календарска година. Објектот ќе реши дел од проблемите со лошите просторните и работните услови со кои се соочуваа битолските пожарникари сместени во стриот објект во центарот на градот.

    На местото каде почна изградбата на домот во акцијата за расчистување, тимот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) пронајде и подигна 2.872 пушки од Балканските војни, пет рачни бомби и две артилериски гранати.

    Битолската пожарна е формирана на 20 мај 1836 година, со акт на румелискиот валија, за време на султанот Махмуд Трети, со што се смата за најстара ваква служба на Балканот.

    Ж.ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира