Голманот на фудбалската репрезентација на Црна Гора, Матија Шаркиќ, почина на 26 години, објави неговиот клуб Милвол. Шаркиќ му се придружи на англискиот второлигаш минатото лето од премиерлигашот Вулверхемптон и оваа сезона одигра 33 натпревари.
Последен пат играше за Црна Гора на 5 јуни, на пријателската средба со Белгија.
Фудбалската федерација на Црна Гора соопшти дека Шаркиќ починал ненадејно утрово.
Шаркиќ бил роден во Англија, каде што татко му бил амбасадор на Црна Гора. Поминал низ фудбалските школи на Андерлехт и Астон вила, за која го потпишал првиот професионален договор во 2017. Од 2020 беше член на Вулверхемптон, но главно настапуваше како позајмен играч за други англиски клубови, пред да добие вистинска шанса во Милвол.