МБАПЕ ГО СКРШИ НОСОТ, ЗАСЕГА НЕ ОДИ НА ОПЕРАЦИЈА

    МБАПЕ ГО СКРШИ НОСОТ, ЗАСЕГА НЕ ОДИ НА ОПЕРАЦИЈАНеизвесно е дали Мбапе ќе игра против Холандија в петок (Фото: Ѓ. Личовски)

    Килијан Мбапе го скрши носот на првиот натпревар на Франција на Европското првенство во Германија, но засега нема да оди на операција. Француската фудбалска федерација (ФФФ) кажа дека тој ќе треба да носи маска, но сепак е неизвесно дали ќе може да игра против Холандија в петок.

    Капитенот на Франција се повреди во еден воздушен дуел, кога со носот удри во рамото на австрискиот репрезентативец Кевин Дансо. По мечот, Мбапе беше пренесен во болница во Диселдорф, каде што беше потврдено дека има скршеница.

    Мбапе се повреди во еден воздушен дуел, кога со носот удри во рамото на австрискиот репрезентативец Кевин Дансо (Фото: Ѓ. Личовски)

    Килијан се врати во базата на францускиот тим. Ќе оди на третмани во следните денови, но засега нема да биде опериран“, соопшти ФФФ.

    Селекторот Дидје Дешамп во прв момент кажа дека Мбапе не е добро зашто многу лошо си го удрил носот.

    Ова е многу сложена и несреќна ситуација за нас. Тоа беше доста силен удар“, рече Дешамп, без да потврди дали ќе игра против Холандија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира