МИЦКОСКИ ГО ПОДНЕСЕ ПРЕДЛОГОТ ЗА НОВА ВЛАДА, ОЧЕКУВА ПОНЕДЕЛНИК САБАЈЛЕ ДА БИДЕ НЕЈЗИН ПРВ РАБОТЕН ДЕН

    МИЦКОСКИ ГО ПОДНЕСЕ ПРЕДЛОГОТ ЗА НОВА ВЛАДА, ОЧЕКУВА ПОНЕДЕЛНИК САБАЈЛЕ ДА БИДЕ НЕЈЗИН ПРВ РАБОТЕН ДЕНКога ќе се консолидира СДСМ, сакам да градиме заеднички ставови за да не ги повториме грешките од минатото, кажа мандатарот Мицкоски. (Фото: СДК.МК)

    Мандатарот за нова влада Христијан Мицкоски денеска го поднесе предлог-составот на министри во Собранието.

    „Дебатата за нова влада во Собранието би започнала в сабота (22 јуни), на полноќ в недела да заврши, за понеделник (24 јуни) да биде нејзиниот прв работен ден“, кажа Мицкоски.

    Составот на нивата влада е:

    Претседател на Владата – Христијан Мицкоски (ВМРО-ДПМНЕ).

    Изет Меџити, лидер на Демократското движење, ќе биде прв вицепремиер и министер за екологија.

    Вицепремиер и министер за транспорт и врски ќе биде актуелниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски .

    Министер за добро владеење и вицепремиер од Алијанса за Албанците е Арбен Фетаи.

    Љупчо Димовски од Социјалистичка партија ќе биде вицепремиер и министер за политички систем.

    Вицепремиер за односи меѓу заедниците ќе биде Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.

    Министер за надворешни работи е Тимчо Муцунски, исто така потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром.

    Министер за внатрешни работи е Панче Тошковски (ВМРО-ДПМНЕ).

    Министерството за одбрана ќе го води Владо Мисајловски, поранешен министер за одбрана (ВМРО-ДПМНЕ).

    Министерка за финансии ќе биде Гордана Димитриеска-Кочоска (ВМРО-ДПМНЕ).

    Министерка за енергетика и рударство е Сања Божиновска (ВМРО-ДПМНЕ).

    Министер за земјоделство е Цветан Трипуновски (ВМРО-ДПМНЕ).

    Министер за култура и туризам ќе биде актерот Зоран Љутков (ВМРО-ДПМНЕ).

    Министер за образование и наука ќе биде лекарката Весна Јаневска (ВМРО-ДПМНЕ).

    Министер за локална самоуправа е Златко Перински (ВМРО-ДПМНЕ).

    Министер за информатичко општество и администрација ќе биде Стефан Андоновски (ВМРО-ДПМНЕ).

    Министер за спорт ќе биде ракометарот Борко Ристовски (ВМРО-ДПМНЕ).

    Шабан Салиу ќе биде министер без ресор задолжен за спроведување на декадата на Ромите.

    Министер за социјална политика, демографија и млади e Фатмир Лимани од партијта Беса.

    Министер за економија и труд e Бесар Дурмиши од Беса.

    Министер за европски прашања e Орхан Муртезани од Алтернатива.

    Министер за здравство ќе биде Арбен Таравари, лидер на Алијанса за Албанците.

    Министер за правда e Игор Филков од Движењето ЗНАМ.

    Министер за јавна администрација e Горан Минчев од ЗНАМ

    Со изборот на новата влада, прекинува мандатот нна техничката, изгласана на 28 јануари 2024.

    „Кога ќе се консолидира СДСМ, сакам да градиме заеднички ставови за да не ги повториме грешките од минатото. Кога ќе завршат внетрешните превирања, подавам рака за да градиме национално единство за стратешките прашања“, кажа денеска Мицкоски, кој побара критички став од новинарите и од јавноста за неговата влада.

    Прашан за проруските ставови на Стоиљковиќ, тој кажа дека не е така, а тоа што нема безбедносен сертификат, не е проблем.

    „Секој член на оваа влада мора да има промакедонски позиции. Секој кој ќе излезе од овие позиции пробилокоја позиција, нема да биде член на оваа влада. За позициите на Иван Стоиљковиќ не би се согласил, треба да поразговарате со него. За немањето безбедносни сертификати, можам да ви набројам дузина членови на влада кои немале сертификати“, рече тој.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира