КИМ ВЕТИ ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА ЗА РУСКАТА ИНВАЗИЈА ВО УКРАИНА, ПУТИН НАЈАВИ НОВ ДОГОВОР ЗА ОДНОСИТЕ СО СЕВЕРНА КОРЕЈА

    КИМ ВЕТИ ЦЕЛОСНА ПОДДРШКА ЗА РУСКАТА ИНВАЗИЈА ВО УКРАИНА, ПУТИН НАЈАВИ НОВ ДОГОВОР ЗА ОДНОСИТЕ СО СЕВЕРНА КОРЕЈАОва е првата посета на Путин на Северна Кореја во последните 24 години (Фото: АП)

    Весели толпи и раскошни церемонии го пречекаа Владимир Путин на неговата прва посета на Северна Кореја од 2000, на која двете земји најавија дека ќе го зацврстат своето партнерство среде западните санкции и притисоци. Руските државни медиуми покажаа голем број војници и цивили собрани на плоштадот во Пјонгјанг, по што двајцата лидери се упатија на разговори во палатата Кумсусан.

    Путин веднаш го нападна западот и кажа дека Русија се бори против хегемонистичката, империјалистичка политика на САД и ѝ се заблагодари на Северна Кореја за постојаната голема поддршка за руските политики, вклучувајќи ја и Украина. Ким возврати дека руско-северкокорејсиите односи влегуваат во период на нов просперитет.

    Првата посета на Путин на Северна Кореја во последните 24 години веројатно ќе означи нов почеток во односите помеѓу двете земји, додека се соочуваат со меѓународна изолација. Путин најави потпишување „нов фундаментален договор“ што ќе биде основа на врските помеѓу Русија и Северна Кореја.

    Северна Кореја планира да ја засили стратешката соработка со Русија, која игра значајна улога во одржувањето на стратешката рамнотежа во светот. Ние целосно ја поддржуваме руската воена операција во Украина“, кажа Ким.

    Путин додаде дека соработката помеѓу двете земји е заснована врз принципите на еднаквост и заемно почитување на меѓусебните интереси. Тој претходно вети дека ќе изгради трговски и безбедносни системи со Северна Кореја кои нема да бидат контролирани од западот и дека ќе ги поддржува нејзините напори да ги брани своите интереси од американските воени закани, уцени и притисоци.

    САД и нивни сојузници стравуваат дека Русија би можела да обезбеди помош за ракетната и нуклеарната програма на Северна Кореја, кои се забранети од Обединетите нации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира