Британскиот град Њукасл ќе го забрани отворањето сендвичарници и продавници за готови јадења во повеќе области, како обид да се справи со зголемениот процент на дебелина. Градскиот совет на Њукасл соопшти дека нема да дозволи отворање нови продавници за брза храна во близина на училишта каде што повеќе од 10 отсто од учениците над 6 години биле дебели. Властите соопштија дека ова правило нема да важи за објектите во центарот на градот.
Претседателот на Советот, Ник Кемп, рече дека новите ограничувања ќе помогнат и да се одржат улиците почисти со намалување на количината отпад од пакувањето за носење.
Најавите за отворање „Мекдоналдс“ и „Бургер кинг“ во близина на две училишта предизвикаа реакции од локалните заедници. Членот на Советот Алекс Хеј рече дека 29 отсто од децата во градот се со прекумерна тежина или дебели, во споредба со 22,7% низ Англија. Тој апелира дека дебелината е полоша во сиромашните области на градот.
Градскиот совет смета дека спречувањето на отворање ваков тип продавници ќе отвори можности да се „создаде поголем избор“, меѓу кои и опции за поздрава исхрана.