ПОД МОТОТО „СПЕКТАКУЛАРНО НЕПОСЛУШНИ“ ПЕТТАТА ПАРАДА НА ГОРДОСТА МАРШИРАШЕ ВО СКОПЈЕ

    ПОД МОТОТО „СПЕКТАКУЛАРНО НЕПОСЛУШНИ“ ПЕТТАТА ПАРАДА НА ГОРДОСТА МАРШИРАШЕ ВО СКОПЈЕСлоганот ја симболизира непослушноста кон патријархатот и спектакуларноста на пет години одржување на Парадата. (Фото К. Попов)

    Под мотото „Спектакуларно непослушни“ денеска низ скопските улици се одржа 5. Парада на гордоста. Слоганот, според организаторите, ја симболизира непослушноста кон патријархатот и спектакуларноста на пет години одржување на Парадата.

    (Фото К. Попов)

    Стотици луѓе од најразлични генерации се приклучија на маршот и славењето на различности, што тргна од паркот Жена борец, а главниот собир е на стадионот на АРМ во градски парк, каде што имаше и уметничка програма, мина без инциденти.

    Еу амбасадорот Дејвид Гир меѓу учесниците. (Фото К. Попов)

    Организаторите велат ова е еден ден кога ЛГБТИ луѓето можат да бидат видливи, свои и автентични.

    (Фото К. Попов)

    „ЛГБТ заедницата секогаш била одговорен член на ова општество, ги исполнуваме нашите обврски кон државата, но не добиваме никаков фидбек. Нашите права не се почитуваат“, беа дел од пораките.

    (Фото К. Попов)

    „Додека се радувам гледајќи ја ќерка ми како го вее знамето на заедницата не можам, а да не се сетам на сите ЛГБТКу тинејџери кои жиеват во страв од своите родители или се соочуваат со отфрлање“, изјави мајка на трансродово лице.

    (Фото К. Попов)

    „Она што е најважно за самата заедница е признанието дека ЛГБТИ луѓето постојат, затоа што пред дваесетина години најчест одговор на политичарите околу оваа тема беше дека ‘такви луѓе не постојат кај нас’, ‘тоа е тема и проблем кој кај нас не постои, туку е увезен од Запад’ итн“, рече Кочо Андоновски, програмски директор на ЛГБТИ Центарот за поддршка кој е еден од организаторите на Парадата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира