Членот 90 од Уставот на Република Македонија е јасен и тој го упатува претседателот на Македонија самиот да се увери кој обезбедил мнозинство за формирање на влада, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК поранешни уставни судии. Тој му дава задача на Претседателот сам да се увери кој лидер на партија нуди мнозинство за нова влада.
Членот 90 од Уставот вели:
“Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.
Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Да требаше да се дава на партијата која на парламентарните избори освоила најмногу пратенички мандати, тоа и ќе го пишуваше, укажуваат уставните судии со кои разговаравме.
Тие притоа упатуваат и на една друга политичка практика.
“Сите држави во Европската унија се плурални општества. Пропорционалниот изборен модел продуцира повеќе такви политички групи. Уставот на секоја од тие земји упатува тие политички групи кои освоиле пратенички мандати да соработуваат. Ретко која партија во Европа има апсолутно мнозинство за самата да направи влада. Нормално е значи, при различни политички субјекти и при плурални оптшества, политичките играчи да се упатуваат на соработка“, велат соговорниците.
Откаково неделата ДУИ на неколку минути пред истекот на рокот за формирање влада соопшти дека не се договорила да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, на чиј лидер Никола Груевски претседателот Ѓорге Иванов му го довери мандатот, денеска од Кабинетот на претседателот нема никаква информација ниту најава, кој ќе биде неговиот следен потег.
С. К. ДЕЛЕВСКА