УНГАРСКИОТ ФУДБАЛЕР ВАРГА ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА ПО ТЕШКАТА ПОВРЕДА НА МЕЧОТ СО ШКОТСКА НА ЕП

    УНГАРСКИОТ ФУДБАЛЕР ВАРГА ВО СТАБИЛНА СОСТОЈБА ПО ТЕШКАТА ПОВРЕДА НА МЕЧОТ СО ШКОТСКА НА ЕПМечот беше во прекин речиси седум минути откако Варга се судри со шкотскиот голман Ган (Фото: АП)

    Напаѓачот на унгарската репрезентација Барнабаш Варга е во стабилна состојба во болница откако по тешката повреда беше изнесен на носилки од теренот за време на синоќешниот натпревар со Шкотска на Европското првенство во Германија. Унгарскиот селектор Марко Роси кажа дека Варга има скршеница на коската на образот и ќе мора да оди на операција.

    Варга е во ред, свесен е. За жал, ќе мора да оди на операција зашто има скршеница. Тој секако веќе нема да игра на првенството ако се пласираме во следната фаза“, кажа Роси.

    Мечот беше во прекин речиси седум минути откако 29-годишниот Варга се судри со шкотскиот голман Ангус Ган при воздушен дуел во 68. минута. Унгарските играчи веднаш повикаа помош, откако Варга остана да лежи на тревата неподвижен. Додека му се укажуваше лекарска помош на теренот, тој беше заграден со чаршави, а потоа веднаш беше префрлен во болница во Штутгарт.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира