Американската амбасадорка Анџела Агелер на социјалната мрежа Икс го честиташе изборот на новата Влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Агелер напиша дека очекува Владата да го продолжи евроатланскиот пат на земјава.
„Со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство во зајакнувањето на владеењето на правото, подобрувањето на економскиот, енергетскиот и инфраструктурниот развој, социјалните структури и придвижувањето на земјата на нејзиниот евроатлантски пат“, напиша Агелер на Икс.
Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир во честитката напиша дека „Европската Унија тесно ќе соработува со новата Влада во постигнувањето напредок на суштинските реформи и унапредувањето на патот кон ЕУ“.