Кристијано Роналдо избегна потешка повреда по завршувањето на мечот Португалија-Грузија на Европското првенство во Германија откако еден навивач се обиде да скокне врз него.
Додека Роналдо го напушташе теренот по изненадувачкиот пораз од 0:2, еден фан во португалски дрес скокна од трибините и за малку го промаши. Снимки објавени на социјалните мрежи го покажуваат навивачот како ја прескокнува бариерата над тунелот за влез во соблекувалните во обид да му се доближи на Роналдо. Тој притоа го промаши Роналдо и пропадна во тунелот.
Роналдо изгледа шокирано во прв момент и веднаш беше заштитен од припадник на обезбедувањето кој стоеше во близина.