ЕКСТРЕМНАТА ДЕСНИЦА НА ЛЕ ПЕН ОЧЕКУВА ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ ВО ФРАНЦИЈА, ЖОРДАН БАРДЕЛА Е МОЖЕН ПРЕМИЕР

    ЕКСТРЕМНАТА ДЕСНИЦА НА ЛЕ ПЕН ОЧЕКУВА ПОБЕДА НА ИЗБОРИТЕ ВО ФРАНЦИЈА, ЖОРДАН БАРДЕЛА Е МОЖЕН ПРЕМИЕРПартијата на Марин Ле Пен и 28-годишниот Жордан Бардела, кој би можел да биде следниот премиер, води на анкетите пред утрешниот прв круг. (Фото: ЕПА)

    Брзата изборна кампања во Франција заврши, а и покрај последните апели да не се поддржува екстремната десница, се чини дека гласачите се подготвени да ѝ дадат на партијата Национален собир историска победа на парламентарните избори. Премиерот Габриел Атал предупреди дека тоа ќе ослободи „импулси на омраза и агресија“.

    Но, партијата на Марин Ле Пен и 28-годишниот Жордан Бардела, кој би можел да биде следниот премиер, ја зацврсти својата предност во анкетите. Националниот собир се одбрани од низа обвинувања за расизам, во кои беа вклучени членови на партијата како и поддржувачи. Големото прашање сега е дали може да освои апсолутно мнозинство во два круга, на 30 јуни и 7 јули.

    Тие имаат значителна шанса, откако европските избори на 9 јуни го претворија поголемиот дел од изборната карта на Франција во темносина боја. Тоа беше моментот кога Емануел Макрон избра да го запрепасти францускиот народ со одлуката да распише општи избори за само три недели. На европските парламентарни избори, центристичка коалиција на Макрон доби нешто помалку од 15 отсто од гласовите, додека неговиот изборен непријател, екстремнодесничарската популистка Марин Ле Пен и нејзината партија Национален собир беа уверливо први, со над 30 отсто гласови.

    Националниот собир се подготвува утре да има голема вечер, при што една анкета на јавното мислење неколку часа пред крајот на кампањата покажа поддршка од 36,5%. Нејзините кандидати се надеваат дека ќе освојат десетици места во Националното собрание, со повеќе од 50 отсто од гласовите. Но, повеќето места ќе бидат решени во вториот круг на гласање на 7 јули, меѓу двајца, тројца или дури четворица претенденти.

    Значи, анкетите не ја кажуваат целата приказна, а набрзина договорената левичарска алијанса, Новиот народен фронт – коалиција на зелени, социјалдемократи, комунисти и левичарската група Непокорна Франција) на Жан-Лик Меланшон – исто така цели на победа, и е само неколку поени зад Националниот собир со 29%.

    Претседателот Макрон вети дека нема да оди никаде додека не му заврши мандатот во 2027, а негова задача е да го назначи следниот премиер по вториот круг од овие избори на 7 јули. Жордан Бардела, на чии предизборни плакати е испишано „премиер“ под неговото име, инсистира дека нема да се задоволи со помалку од апсолутно мнозинство. Тоа го остава отворено прашањето кого ќе избере Макрон ако Националниот собир не успее.

    „Нема смисла Емануел Макрон да именува премиер кого никој не би го сакал“, вели уставниот експерт проф. Доминик Русо. Но, ако нема апсолутно мнозинство, тој вели дека претседателот има простор за маневрирање.

    Тоа обично доаѓа од најголемата партија, но ако тие одбијат, Макон наместо тоа би можел да бара консензуална личност, која би можела да го собере она што останува од централно-десниот и левиот центар. Некои сметаат дека актуелната претседателка на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, може да биде таа личност. На Макрон му е уставно забрането да распише нови избори уште една година. Некој вид на техничка влада може да функционира некое време, но не може да донесува закони, само буџети.

    Засега, Жордан Бардела е тој што е главен во трката и на ТВ дебата пред две вечери објави дека има еден вид „влада на национално единство“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира