НИЕДЕН ГЛАС ПОВЕЌЕ ЗА КРАЈНАТА ДЕСНИЦА, ПОВИКАА МАКРОН И ЛЕВИЦАТА ПО ПОБЕДАТА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОБИР ВО ПРВИОТ КРУГ НА ИЗБОРИТЕ ВО ФРАНЦИЈА

    НИЕДЕН ГЛАС ПОВЕЌЕ ЗА КРАЈНАТА ДЕСНИЦА, ПОВИКАА МАКРОН И ЛЕВИЦАТА ПО ПОБЕДАТА НА НАЦИОНАЛНИОТ СОБИР ВО ПРВИОТ КРУГ НА ИЗБОРИТЕ ВО ФРАНЦИЈАНационалниот собир (РН) на Марин Ле Пен ја има најдобрата шанса досега да формира влада (Фото: АП)

    Ден по првиот круг од вонредните парламентарни избори во Франција клучното прашање е дали Емануел Макрон и левицата можат да ја спречат крајната десница првпат да дојде на власт.

    Националниот собир (РН) на Марин Ле Пен и Жордан Бардела ја има најдобрата шанса досега да формира влада откако, според проекциите, на вчерашните избори освои 33,2 гласови, избивајќи пред левичарската коалиција Нов народен фронт со 28,1% и блокот Заедно на Макрон со 21%. Ако ги повтори овие резултати во вториот круг на 7 јули, РН би можел да има меѓу 230 и 280 пратеници во парламентот, а бидејќи за апсолутно мнозинство се потребни 289, крајната десница би можела да формира влада за кратко време и 28-годишниот Бардела да стане премиер.

    Франција има сложен двоетапен изборен систем, па РН во првиот круг веќе освои 39 места во парламентот, а Нов народен фронт 32.

    Целта ми е да бидам премиер на сите Французи“, изјави Бардела.

    Без апсолутно мнозинство, Франција ќе има нестабилен парламент, а РН нема да може да ги спроведе своите планови за имиграцијата, даночните намалувања и законот и редот.

    По вчерашното гласање, премиерот Габриел Атал повика на формирање на широка, демократска, републиканска унија за вториот круг.

    Национален собир не смее да освои ниеден глас повеќе. Влогот е јасен – да се спречи Националниот собир да има апсолутно мнозинство“, изјави Атал.

    Жан-Лик Меланшон, еден од лидерите на Нов народен фронт, му порача дека нема уште долго да биде премиер, но во едно се согласи со него.

    Националниот собир не смее да добие ниеден глас повеќе“.

    Парламентарните избори во Франција се сложен процес во кој двајцата кандидати со најмногу гласови во првиот круг поминуваат во вториот круг. Но, на овие избори излезноста беше висока, па во околу 315 изборни единици и трет кандидат се квалификуваше за вториот круг, најчесто од коалицијата на Макрон.

    Центристичката парламентарна група на Макрон треба да се намали од 250 пратеници на помалку од 100 во Националното собрание. Неговите сојузници сега се соочуваат со огромен притисок да се повлечат од трката во многу области и ги советуваат своите поддржувачи да гласаат за левичарската алијанса, која вклучува и екстремни радикали, во обид да се победи Ле Пен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира