ОРБАН ПРВПАТ ГО ПОСЕТИ ЗЕЛЕНСКИ ВО КИЕВ И МУ ПРЕДЛОЖИ ПРИМИРЈЕ СО РУСИЈА

    ОРБАН ПРВПАТ ГО ПОСЕТИ ЗЕЛЕНСКИ ВО КИЕВ И МУ ПРЕДЛОЖИ ПРИМИРЈЕ СО РУСИЈАОрбан кажа дека ги цени напорите на Зеленски за одржување втор мировен самит оваа година (Фото: АП)

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан го посети Киев за првпат од почетокот на војната, при што му порача на Володимир Зеленски да размисли за прогласување примирје со цел да се забрза крајот на војната со Русија. Орбан, кој ги задржа блиските врски со Москва и ја блокираше помошта за Украина, пристигна во Киев само ден откако Унгарија го презеде шестмесечното претседавање со Европската Унија.

    Во кратка заедничка изјава по разговорите, Орбан кажа дека ги цени напорите на Киев да ја промивира визијата за мир на Зеленски и неговата желба за одржување втор мировен самит подоцна оваа година.

    Го замолив претседателот Зеленски да размисли за забрзување на мировните разговори така што претходно ќе се воведе прекин на огнот. Прекин на огнот поврзан со краен рок ќе даде шанса да се забрзаат мировните преговори. Ја истражував оваа можност со претседателот и благодарен сум за неговите искрени одговори и преговори“, изјави Орбан.

    Зеленски не одговори на овие коментари, но кажа дека ја промовираше можноста за широк билатерален договор за соработка помеѓу Украина и Унгарија.

    Откако Орбан е на власт, Унгарија постојано ја обвинува Украина дека ги ограничува правата на 150.000 етнички Унгарци кои живеат во западна Украина, што Киев го негира.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира