САМО СЕМОЌНИОТ БОГ МОЖЕ ДА МЕ НАТЕРА ДА СЕ ПОВЛЕЧАМ, НО ТОЈ НЕМА ДА СЕ СИМНЕ, КАЖА БАЈДЕН

    САМО СЕМОЌНИОТ БОГ МОЖЕ ДА МЕ НАТЕРА ДА СЕ ПОВЛЕЧАМ, НО ТОЈ НЕМА ДА СЕ СИМНЕ, КАЖА БАЈДЕНБајден ги отфрла повиците дека би требало да го препушти своето место на некој помлад кандидат (Фото: АП)

    Џо Бајден даде ретко ТВ-интервју во ударен термин додека се соочува со притисоци за повлекување од претседателската трка и кажа дека само семоќниот бог би можел да го натера на тоа. Во 22-минутното интервју за „Еј-Би-Си њуз“, Бајден одби да направи когнитивен и да ги објави резултатите јавно со цел да ги убеди гласачите дека е способен за уште еден мандат.

    Имам когнитивен тест секој ден. Сѐ што правам секој ден е таков тест“, изјави Бајден.

    Осумдесет и едногодишниот претседател уште еднаш ги отфрли повиците дека би требало да го препушти своето место на некој помлад кандидат по лошата дебата со Доналд Трамп минатата недела, што го бараат и некои демократски функционери и донатори.

    Мислам дека никој не е поквалификуван од мене да биде претседател или да победи на изборите“, кажа Бајден, додавајќи дека неговиот слаб настап на дебатата се должел на замор и лоша настинка.
    Иако на интервјуто делуваше посигурно отколку на дебатата, неговиот глас повторно звучеше слабо и рапаво на моменти.

    Моето повлекување нема да се случи. Единствено ако семоќниот бог се симне и ми каже ‘Џо, излези од трката‘, би го направил тоа. Но, семоќниот бог нема да се симне“, рече Бајден.

    Тој претходно се појави на митинг во Висконсин, каде што призна дека имал ужасен настап на дебатата, додека некои од присутните бараа од него да се повлече од изборната кампања. Меѓу оние кои јавно побараа негово повлекување се и четворица демократски конгресмени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира