УБИЕН ТЕТОВЕЦ ВРЗ КОГО БИЛО ПУКАНО ОД ВОЗИЛО ВО ДВИЖЕЊЕ

    УБИЕН ТЕТОВЕЦ ВРЗ КОГО БИЛО ПУКАНО ОД ВОЗИЛО ВО ДВИЖЕЊЕУбиството се поврзува со судирите помеѓу две тетовски семејства (Фото: СДК.МК)

    Синоќа околу 20:30 часот е убиено едно лице во Тетово. Додека бил во неговото возило, врз него било пукано од друго возило во движење. Инцидентот го потврди и МВР.

    Во 20:35 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на улицата Штипска едно лице, кое било со возило ‘мерцедес‘, пукало кон возило ‘БМВ‘, во кое било лицето со иницијали Р. Т., кое од добиените повреди починало. Полициски службеници од СВР Тетово преземаат интензивни мерки и активности за расчистување на случајот“, се вели во краткото соопштение испратено од МВР.

    Местото на убиството е затворено од страна на полицијата и направен е увид од страна на јавен обвинител и службите на МВР.

    Според неофицијални информации објавени на неколку медиуми кои известуваат на албански јазик, синоќешното убиство е продолжение на судирите помеѓу две тетовски семејства. Пред неколку месеци, по одржувањето на едно судско рочиште, членовите на овие две семејства учествувале во меѓусебна тепачка, која неколку часа подоцна продолжила со пукање пред Клиничката болница во Тетово. Тогаш две лица беа тешко ранети од огнено оружје и подоцна починаа.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира