РИБАР ПРОПАДНАЛ ВО ЖИВ ПЕСОК ВО РЕКАТА ПЧИЊА, ПОЖАРНИКАРИТЕ ГО ВАДЕЛЕ ТРИ ЧАСА

    РИБАР ПРОПАДНАЛ ВО ЖИВ ПЕСОК ВО РЕКАТА ПЧИЊА, ПОЖАРНИКАРИТЕ ГО ВАДЕЛЕ ТРИ ЧАСАРиболовецот во тињата бил до рамениците, и бил истоштен поради што неговото извлекување било исклучително тешко. (Фото: ЦУК)

    Три часари часа траела акцијата за спасување на рибар, кој утринава пропаднал во жив песок во реката Пчиња, во атарот на кумановското село Студена Бара. Тој побарал помош утринава околу 4 часот, а кумановските пожарникари го извлекле околу 7 часот, по што итно бил пренесен во Кумановската болница. Риболовецот е вон животна опасност.

    „Случајот го пријавил риболовец, којшто слушнал повици за помош на лицето кое покрај реката заглавило во длабока тиња и кал. Ситуацијата била опасна, бидејќи како што сакало лицето да се самоизвлече сè повеќе пропаѓало на местото каде што на почвата била маскиран жив песок со исушен слој на површината“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Риболовецот во тињата бил до рамениците и бил истоштен, поради што неговото извлекување било исклучително тешко. Дополнителен проблем бил непристапниот терен, но акцијата завршила упсешно со тимска работа на пожарникарите.

    „Пожарникарите успеале да го фатат со јажиња од нивната опрема и полека го извлекувале, при што било потребно и нивно доизвлекување, бидејќи и тие тонеле полека во меката почва. Еден со друг тимски си помагале, етапа по етапа“, додаваат од ЦУК.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира