СО 10.000 ПОСЕТИТЕЛИ ЗА ПОЛА ГОДИНА, СТОБИ ОЧЕКУВА ДА ГО НАДМИНЕ РЕКОРДОТ ОД 2018

    СО 10.000 ПОСЕТИТЕЛИ ЗА ПОЛА ГОДИНА, СТОБИ ОЧЕКУВА ДА ГО НАДМИНЕ РЕКОРДОТ ОД 2018Во рекордната 2018 имало над 22.000 посетители на Стоби, а 20.556 во 2023. (Фото: СДК.МК)

    Археолошкиот локалитет Стоби во првата половина од годинава бележи висока посетеност, која најавува дека ќе има успешно лето, период кога има најмногу гости. Директорот Спасе Перовски е оптимист дека годинава ќе се надмине рекордот од 2018, кога имало околу 22.000 посетители.

    „Археолошкиот локалитет Стоби е златната белегзија која ја има Македонија. И затоа треба максимално да ја искористиме и да ја промовираме. Годинава сме на патот да го надминеме високиот праг на посетеност од претходните години. Имаме наплив на туристи, бројки кои ги надминуваат претходните. Пролетва имавме голем број ученици, основци и средношколци од Македонија на екскурзии, наменски за Стоби. Странските посетители се побројни од домашните“,  вели Перовски.

    Во првата половина од годинава Стоби го посетиле  9.939 туристи, повеќето од нив последните два месеца, а лани за шест месеци имало 7.419 гости. Во текот на целата 2023 во локалитетот имало 20.556 посетители.

    Во рамките на Стоби има и суверниница, со триесетина  различни рачни изработки.

     П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира