ЌЕ СЕ ОТСТРАНИ МОНТАЖНАТА БОЛНИЦА ДО ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА И ЌЕ СЕ ИЗГРАДИ ЧИТАЛНА ЗА СТУДЕНТИТЕ НА МЕДИЦИНА

    ЌЕ СЕ ОТСТРАНИ МОНТАЖНАТА БОЛНИЦА ДО ИНФЕКТИВНАТА КЛИНИКА И ЌЕ СЕ ИЗГРАДИ ЧИТАЛНА ЗА СТУДЕНТИТЕ НА МЕДИЦИНАМонтажната болница беше изградена во 2020 за време на пандемијата на ковид-19. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Ќе се отстрани модуларната болница до Инфективната клиника во Скопје и на тоа место пак ќе се направи читална за студентите на Медицинскиот факултет, најави министерот за здравство Арбен Таравари по состанокот со деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ.

    Монтажната болница на местото на старите бараки кои ги користеа студентите, ја изгради велешки „Брако“ во мај 2020 за време на пандемијата на ковид-19, имаше 72 легла и се користеше за хоспитализирање на ковид-пациени. За нејзината изградба швајцарската влада донираше 200.000 швајцарски франци.

    „Разговаравме за еден проблем на Медицински факултет кој е од одамна, за читалната. Се надевам наскоро ќе изнајдеме решение со Министерството за локална самоуправа да се тргне монтажната болница и таму да се направи читална, горе и долу да има предавална или амфитеатар, ќе видиме проектот да го подготвиме“, рече Таравари.

    Според деканот Антовиќ, ако се реализира читалната, во основа ќе биде враќање на онаа читална која за време на ковидот им била  одземена и на тоа место беше направена модуларната болница.

    „Студентите тоа навистина го заслужуваат, затоа што ако некаде многу се учи, тоа е медицина“, рече Антовиќ.

    Б. НЕСТОРОСКА

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира