Мајкл Хариган, пензиониран специјален агент на ФБИ, вели дека на фотографијата снимена од Даг Милс, фотограф на „Њујорк тајмс“, се чини дека гледа куршум кој се провлекува покрај поранешниот претседател Доналд Трамп. Во документирањето на предизборниот митинг во Пенсилванија во саботата попладне, кој се претвори во обид за убиство на поранешниот претседател, Даг Милс, ветеран фотограф на „Њујорк тајмс“, се чини дека го сними куршумот кој поминува покрај главата на Трамп.
Хариган, кој помина 22 години во ФБИ, смета дека тоа се гледа на фотографијата.
„Апсолутно би можело да покажува поместување на воздухот поради проектил“, рече Хариган во интервјуто синоќа по прегледувањето на фотографиите со висока резолуција што Милс ги испрати од митингот. „Се чини дека аголот е малку низок за да му поминал низ увото, но не е невозможно ако напаѓачот испукал повеќе куршуми“.
Едноставната балистичка математика покажа дека е возможно да се фати куршум како што Милс веројатно сними на фотографијата, рече Хариган.
Милс користеше дигитален фотоапарат на „Сони“, способен да снима фотокрафии до 30 фрејмови во секунда. Тој ги сними овие фотографии со брзина на блендата од 1/8.000-ти дел од секундата – исклучително брзо според индустриските стандарди. Друг фактор е брзината на куршумот од огненото оружје. Вчера, органите за спроведување на законот пронајдоа полуавтоматска пушка од типот АР-15 на местото на настанот од починат белец за кој веруваат дека е напаѓачот.
„Ако напаѓачот пукал со пушка во стилот АР-15, куршумите со калибар 223 или 5,56 милиметри што ги користат патуваат со приближно 3.200 стапки во секунда кога ќе излезат од оружјето“, речеХариган. „И со 1/8.000-ти дел од брзината на блендата, ова ќе му овозможи на куршумот да патува приближно четири десетини од стапка додека блендата е отворена“, вели Хариган и додава:
„Повеќето камери што се користат за снимање фотографии од куршуми во лет користат специјални камери со исклучително голема брзина кои вообичаено не се користат за редовно фотографирање, така што фаќањето куршум на странична траекторија како што се гледа на таа фотографија би било снимка еден во милион и речиси невозможно да се фати дури и ако се знае дека куршумот доаѓа. Со оглед на околностите, ако ова на фотосот не го покажува патот на куршумот низ воздухот, не знам што друго би било“, рече тој.