АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА ЌЕ ИСПИТУВА НА ЧИЈА СМЕТКА ПАТУВАЛ СИНОТ НА МИЦКОСКИ НА САМИТОТ НА НАТО ВО ВАШИНГТОН

    АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА ЌЕ ИСПИТУВА НА ЧИЈА СМЕТКА ПАТУВАЛ СИНОТ НА МИЦКОСКИ НА САМИТОТ НА НАТО ВО ВАШИНГТОНСпоред фотографија споделена на социјалните мрежи, снимена на терасата на Институтот за надворешна политика на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ каде премиерот Мицкоски одржа предавање на почетокот на посетата на 8 јули, Јован е во друштво на татка си, на американскиот експерт Едвард Џозеф и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

    Државната комисија за спречување корупција утринава отворила предмет по допрен глас за да испита на чија сметка патувал синот на премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон на Самитот на НАТО.

    На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК, од Антикорупциска комисија ни одговорија дека информацијата за присуство на член на семејството на премиерот на службеното патување во САД ја прочитале во медиумите, и се надеваат дека надлежните органи во Владата ќе им излезат во пресрет и ќе им ги дадат податоците кој ги платил трошоците за патувањето на синот на Мицкоски во Вашингтон.

    Oд Комисијата додаваат дека штом ги добијат службените информации, ќе заседаваат, ќе заземат став и ќе ја информираат јавноста.

    Синот на премиерот Христијан Мицкоски, 18-годишниот Јован Мицкоски, го придружуваше татка си на официјалното патување во САД за Самитот на НАТО во Вашингтон, на кој се одбележаа 75 години од формирањето на Алијансата. Ова беше прво официјално патување на премиерот кој ја предводеше официјалната делегација со неколку министри и соработници. Сопругата на премиерот, Рози, не го придружуваше на ова патување.

    Според фотографија споделена на социјалните мрежи, снимена на терасата на Институтот за надворешна политика на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ каде премиерот Мицкоски одржа предавање на почетокот на посетата на 8 јули, Јован е во друштво на татка си, на американскиот експерт Едвард Џозеф и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

    Претходно, од ВМРО-ДПМНЕ и Министерството за надворешни работи соопштија дека за патувањето на синот на Мицкоски не се потрошени државни пари.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира