ВЛАДАТА ДОЗВОЛИ НЕЛОЈАЛНА КОНКУРЕНЦИЈА СО УВОЗ НА 2.500 ТОНИ СРПСКИ МАРГАРИН, ОТКАКО СРБИЈА ГО ОГРАНИЧИ УВОЗОТ ОД МАКЕДОНИЈА, РЕАГИРА ВЕЛЕШКА „МАСЛОДАЈНА“

    ВЛАДАТА ДОЗВОЛИ НЕЛОЈАЛНА КОНКУРЕНЦИЈА СО УВОЗ НА 2.500 ТОНИ СРПСКИ МАРГАРИН, ОТКАКО СРБИЈА ГО ОГРАНИЧИ УВОЗОТ ОД МАКЕДОНИЈА, РЕАГИРА ВЕЛЕШКА „МАСЛОДАЈНА“И покрајсрпското ограничување за македонскиот производ, увоот на маргарин од Србија во Македонија останува ист, лани биле узвезени 2.500 тони, а годинава за четири месеци 880 тони. (Фото: СДК.МК)

    Српската влада го ограничи увозот на масло за јадење и маргарин, со што трпи штети единствениот мекдонски производител, велешката „Маслодајна“ односно „Кристал 1923“. Откако неколку години работи на извоз на маргаринот на пазарите во Србија и тој е во континуиран пораст, од 141 тон во 2021 лани стигнале до 317 тони, на 8 март годинава српската Влада донесе одлука за „квантитативно ограничување на увоз на земјоделско-прехрамбени производи“, меѓу нив и на маргаринот.

    „Вака донесената одлука на српската влада претставува грубо кршење на трилатералните договори склучени во рамките на иницијативата Отворен Балкан пoмeѓу нашата држава, Србија и Албанија, со кои беше овозможен непречен и слободен проток на земјоделски и прехранбени производи помеѓу овие држави. За оваа состојба, на 28 март годинава писмено го информиравме Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и самата влада, но од таму не добивме никаков одговор, ниту пак се преземаа некакви мерки“, соопштија од компанијата „Кристал 1923“.

    Затоа од велешки „Кристал 1923“ очекуваат од новата влада да се преземат соодветни мерки за надминување на оваа состојба со која се соочуваат како домашна компанија од прехранбената индустрија. Посочуваат дека увозот на маргарин од Србија во Македонија останува со непроменето темпо. Лани во земјава биле узвезени 2.500 тони, а годинава за четири месеци 880 тони.

    „Нашата компанија веќе неколку месеци трпи штета со одлуката на владата на Србија со која тие си го штитат своето домашно производство на начин што го ограничуваат увозот со квоти кај нив на масло и маргарини од нашата држава, а во исто време кај нас е овозможен слободен увоз на масло и маргарини од оваа соседна држава, со што се создава нелојална конкуренција“, велат од „Кристал 1923“.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира