Неколку ресторани од истиот ланец во Велика Британија се нашле во неволја откако биле уценети од криминалци кои им се заканувале дека ќе ги преплават со лажни критики со една ѕвезда, ако не им исплатат одредена сума пари.
Од готвачот Енди Шеридан и неговиот деловен партнер Сем Морган (фото), сопственици на ресторани со Мишелин ѕвезди и неколку пабови, измамниците им побарале 2.300 евра за да престанат да објавуваат лажни лоши критики.
Првично, тие ја игнорирале уцената, но решиле да стапат во контакт со измамниците кога почнале да споделуваат критики со една ѕвезда.
Сопственикот на вкупно седум ресторани низ северозападниот дел на Британија, Мидлендс и Велс решил да дознае повеќе за измамниците. „Контактирав со нив и ги добив нивните банкарски податоци и лични податоци, иако веројатно се лажни, но направив сѐ што можев. Морав да разговарам со нив шест дена, понекогаш до 23.30 часот навечер, за да соберам што повеќе информации“, изјави тој за Телеграф.
Главниот ресторан на Шеридан и Морган е „8 на Енди Шеридан“ во Ливерпул, кој беше прогласен за најдобар ресторан во Британија на наградите за британски ресторани во септември лани. Не ги заобиколија ниту негативните критики, сите напишани на Гугл и на Трип- Едвајзер.