ЗА МЕСЕЦ ДЕНА БИ СЕ ОТВОРИЛА ОНКОЛОШКА АМБУЛАНТА ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“, АКЦЕЛЕРАТОРОТ УШТЕ СЕ ИСПИТУВА ВО КАКВА СОСТОЈБА Е

    ЗА МЕСЕЦ ДЕНА БИ СЕ ОТВОРИЛА ОНКОЛОШКА АМБУЛАНТА ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“, АКЦЕЛЕРАТОРОТ УШТЕ СЕ ИСПИТУВА ВО КАКВА СОСТОЈБА ЕТаравари и новиот директор на „8 Септември“, д-р Синиша Стојаноски на денешната обиколка на Болницата. (Фото: К. Попов)

    За месец дена би требало да почне со работа Онколошката амбуланта во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје, но акцелеретаорот би се ставил во функција за шест месеци, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

    Таравари ја посети Болницата, каде нов директор е д-р Синиша Стојаноски, заедно со директорот на Клиниката за онкологија и радиотерапија, д-р Игор Стојковски и потенцираа дека денеска не промовираат ништо ново, туку да се запознаат со фактичката состојба за прием на онколошки пациенти во „8 Септември“.

    На 8 Септември 2022, тогашниот премиер Димитар Ковачевски, тогашниот министер за здравство Беким Сали и ексдиректорот на  8 Септември“ д-р Христијан Костов се сликаа на презентација на апаратот за зрачна терапија за онколошки пациенти, а апаратот ден денес сѐ уште не се користи. Со овој апарат, како што рекоа тие тогаш, требаше да се намали притисокот врз Клиниката за онкологија, каде дневно циркулираат над 100 пациенти.

    „Ќе треба да се направи договор меѓу Клиниката за онкологија и „8 Септември’ за да бидат под капа на Онкологија. Се надевам барем за месец дена, одредена терапија ќе може да се прима во Болницата, за делумно да ја растеретиме Онкологија. Во ‘8 Септември’ се вработени двајца онколози и ќе се почне со секако полесната онколошка терапија. За акцелераторот ни треба време, најмалку 3 месеци за да се направат сите потребни контроли од одредени специјалисти по таа област за да кажат што недостасува и што треба да се инвестира. Не би кажал дека пред 6 месеци би можеле да го ставиме во функција. Ќе го промовираме откако ќе бидат зрачени двајца-тројца пациенти“, кажа Таравари.

    За акцелераторите во болниците во Штип и Битола, рече дека дополнително ќе информира, оти во наредниот период ќе оди да ги посети.

    Министерот исто така рече дека хируршките сали во „8 Септември“ не се во добра состојба и се надева дека ќе се најдат пари за да бидат реконструирани.

    „Колегите се силен бекап на скопскиот Клинички центар ‘Мајка Тереза’, работат скоро исто колку нив и заслужуваат подобри услови“, вели Таравари.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира