КОМАНДИРОТ НА ШТИПСКАТА ПOЖАРНА БЛАГОЈ РЕНЏОВ СЕ ПОВРЕДИ ПРИ ГАСНЕЊЕ ПОЖАР ВО ШТИПСКО

    КОМАНДИРОТ НА ШТИПСКАТА ПOЖАРНА БЛАГОЈ РЕНЏОВ СЕ ПОВРЕДИ ПРИ ГАСНЕЊЕ ПОЖАР ВО ШТИПСКОPоради нерамниот терен командирот Ренџов се лизнал и од падот тешко се повредил. (Фото: СДК.МК)

    По десетдневно гаснење пожари на планината Серта, командирот на Противпожарната единица во Штип, Благој Ренџов се повредил при гаснење пожар во населбата Пребег во близина на Штип.

    Според неговите колеги тие вчера околу 20 часот, додека се враќале од планината Серта каде цел гаснеле пожар, добиле повик дека избувнал нов во блиската штипска месност Пребег. Веднаш се зафатиле со гаснењето, но поради нерамниот терен командирот Ренџов се лизнал и од падот тешко се повредил.

    Според неофицијалните информации, повредениот командир веднаш бил префрлен во Клиничката болница во Штип каде му биле извршени операции на скршениците што тој ги добил на двете раце.

    Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, од редовите на искусните пожарникари ќе назначи времен раководител на единицата до заздравувањето на повредениот командир и неговото враќање на работа.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира