ВУЧИЌ НЕ ГО ЧУЛ ЦИПРАС ДА ГИ КОМЕНТИРА ОДНОСИТЕ МЕЃУ БЕЛГРАД И СКОПЈЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:26:"Белград,(Мета)

    ВУЧИЌ НЕ ГО ЧУЛ ЦИПРАС ДА ГИ КОМЕНТИРА ОДНОСИТЕ МЕЃУ БЕЛГРАД И СКОПЈЕ

    Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска изјави дека од грчкиот премиер Алексис Ципрас не чул никакви забелешки на сметка на односите меѓу Белград и Скопје, јави агенцијата „Мета“.

    „Ниту тој имаше што било да ни забележи нам, ниту, пак, имаше што да им забележи ним“, рече Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање дали имало некакви забелешки од страна на Грција во односот помеѓу Србија и Македонија.

    Вучиќ денеска го запозна грчкиот премиер со проектот „Белград на вода“.

    Српскиот премиер изјави дека тој и Ципрас синоќа разговарале до доцна за тоа како двете земји да станат поблиски.

    Ципрас денеска ја заврши дводневната посета на Србија за време на која на властите во Белград им пренесе дека Србија може да смета на поддршката на Грција кога станува збор за прашањето за Косово и за приближувањето кон ЕУ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира