КИНЕСКА ПИНГПОНГАРКА ИМАШЕ ОЛИМПИСКО ДЕБИ НА 58 ГОДИНИ ИГРАЈЌИ ЗА ЧИЛЕ

    КИНЕСКА ПИНГПОНГАРКА ИМАШЕ ОЛИМПИСКО ДЕБИ НА 58 ГОДИНИ ИГРАЈЌИ ЗА ЧИЛЕЏијинг Ценг почнала да работи на својот олимписки сон во родната Кина во 1970-тите (Фото. Гети)

    Пингпонгарката Џијинг Ценг чекала подолго од кој било спортист да настапи на Олимписки игри и тој сон конечно ѝ се оствари во Париз на 58 години, каде што е еден од највозрасните учесници. Таа сепак рано го заврши својот настап, откако изгуби уште во првото коло.

    Ценг почнала да работи на својот олимписки сон во родната Кина во 1970-тите и тоа кулминираше дури оваа година, кога влезе во репрезентацијата на Чиле, нејзината втора татковина. Таа дури престанала да игра професионален пинг-понг на 20 години, по што се преселила во Чиле и речиси две децении воопшто не се занимавала со овој спорт.

    Тоа ми беше најголемиот сон во животот. Дури и кога како мало девојче би ме прашале кој е мојот сон, јас велев да станам олимпијка“, вели Ценг.

    Чиле е нејзиниот дом веќе 35 години. Таму е позната како Тања зашто на Чилеанците им било тешко да го изговараат нејзиното вистинско име.

    Родена во Гвангжу, таа од мали нозе играла пинг-понг и до девет години била тренирана од мајка ѝ, а потоа ја запишале во елитна спортска академија. Била јуниорски првак на Кина и на 12 години станала професионален спортист. На 16 години првпат добила повик во националниот тим на Кина, што го напуштила откако се промениле некои правила на спортот, што се одразило врз нејзината игра.

    Во Чиле се преселила во 1989 откако добила покана да тренира школски деца во градот Арика и така почнало ново поглавје во нејзиниот живот. Пинг-понг повторно почнала да игра дури во 2003 и набргу станала еден од најдобрите играчи во земјата, но вистински му се посветила на спортот дури за време на пандемијата на ковид-19.

    Првпат настапила под знамето на Чиле во 2023 и 38 години откако се откажала од својот олимписки сон, таа успеа да се квалификува за Олимпијадата во Париз.

    Живеам како да имам 15 години. Одамна не сум искусила нешто како ова. Бев како возбуден тинејџер, целосно заборавив дека имам 58 години“, кажа Ценг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира