РУСИЈА РЕЧЕ ДЕКА АГЕНТ НА ФСБ И РУСКИ АГЕНТИ-ИЛЕГАЛЦИ СЕ МЕЃУ ВРАТЕНИТЕ ВО РАЗМЕНАТА СО САД

    РУСИЈА РЕЧЕ ДЕКА АГЕНТ НА ФСБ И РУСКИ АГЕНТИ-ИЛЕГАЛЦИ СЕ МЕЃУ ВРАТЕНИТЕ ВО РАЗМЕНАТА СО САДПлатениот убиец Вадим Красиков беше осуден од германскиот суд за убиство на поранешен чеченски милитант во берлински парк во 2019, а претседателот Владимир Путин го прегрна кога тој излезе од авионот во Москва вчеравечер. (Фото: АП)

    Кремљ денеска соопшти дека Вадим Красиков, платен убиец вратен од Германија во најголемата размена на затвореници Исток-Запад од Студената војна, бил вработен во руската безбедносна служба ФСБ и служел во „Алфа груп“, единицата на специјалните сили на ФСБ. Красиков беше осуден од германскиот суд за убиство на поранешен чеченски милитант во берлински парк во 2019, а претседателот Владимир Путин го прегрна кога тој излезе од авионот во Москва вчеравечер.

    Красиков, облечен во безбол капа и тренерка, беше првиот од повратниците што се симна од авионот и се сретна со Путин, сигнализирајќи ја неговата важност за Москва, која се гордее со враќањето на разузнавачите уапсени во странство. Меѓу оние што се вратија и Москва се и руско семејство Дулцеви сосе нивните две деца, кои судот во Словенија ги осуди дека се преправале дека се Аргентинци за да ги шпионираат земјите-членки на ЕУ и НАТО.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во дека потврди дека двојката била „илегалци“ – длабоко прикриени агенти обучени да глумат странци, кои поминуваат години живеејќи во странство со нивните лажни идентитети.

    „Децата на ‘илегалните’ разузнавачи кои дојда вчера дознаа дека се Руси дури откако авионот полета (за Москва) од Анкара“, изјави Песков за новинарите. „Пред тоа не знаеја дека се Руси и дека имаат некаква врска со нашата земја. А веројатно сте виделе дека кога децата се симнаа по скалите на авионот не зборуваат руски и дека Путин ги поздрави на шпански. Тој рече буенос ночас“.

    „Децата вчера ги прашаа своите родители кој е тој што ги пречека (во Москва). Тие не ни знаеја кој е Путин. Така функционираат ‘илегалците’. Тие прават такви жртви од посветеност на својата работа“.

    Песков, кој рече дека руските владини агенции работат на ослободување на други Руси во странство, рече дека размената на затвореници, која про-Кремљ аналитичари ја оценуваат како победа за Москва, била преговарана од ФСБ и Централната разузнавачка агенција на САД.

    Песков рече дека Путин сметал оти е важно лично да се сретне со повратниците на аеродромот пред нивниот авион.

    „Тоа беше почит кон луѓето кои ѝ служат на својата земја и кои по многу тешки искушенија, и благодарение на напорната работа на многу луѓе, успеаја да се вратат во татковината“, рече тој.

    Путин на повратниците им вети државни награди и разговор за нивната иднина.

    Запрашан дали размената на затвореници е знак дека Русија можеби е подготвена да постигне компромисен договор за Украина, Песков рече дека се работи за различни ситуации и дека се работата на можно дипломатско решение за она што Русија го нарекува нејзина „специјална воена операција“ во Украина се одвива на „различни принципи“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира