ДВА „ЕР ТРАКТОРА“ ОД ШВЕДСКА ПОМАГААТ ВО ГАСЕЊЕТО НА ПОЖАРИТЕ

    ДВА „ЕР ТРАКТОРА“ ОД ШВЕДСКА ПОМАГААТ ВО ГАСЕЊЕТО НА ПОЖАРИТЕШведските авиони се дел од меѓународната помош обезбедена со ЕУ механизмот на цивилна заштита. (Фото: Фејсбук)

    Два „ер трактора“ од Шведска денеска се вклучија во гаснењето на пожарите низ земјава. Шведските авиони се дел од меѓународната помош обезбедена со ЕУ механизмот на цивилна заштита, а заедно со македонските „ер трактори“ денеска оперираа од Охридското Езеро.

    Со ЕУ механизмот на цивилна заштита дојдоа по еден хеликоптер од Србија, Чешка и Словенија, по два „ер трактора“ од Шведска и Германија и тим од Унгарија, 46 лица со 13 возила меѓу кои и специјални теренски противпожарни возила, соопшти Центарот за управвање со кризи (ЦУК).

    ЦУК соопшти дека денеска се активни 6 пожари на отворено и шумски пожари, и тоа во оштините Демир Хисар, Македонски Брод, Пробиштип, Пласница и Пехчево, а попладнево повторно се реактивира пожарот кај село Патетино, Свети Николе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира