Во Македонија има 5 активни пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во: Општина Македонски Брод: с. Тажево – с. Брезница – крак кон Јасен; Општина Демир Хисар и Општина Охрид: Илинска Планина, с. Базерник; Општина Охрид: Косел – Расино – Опеница- Вапила активен на 4 точки; Општина Богданци: Погана према Ветерен парк Богданци и Општина Пробиштип: с. Зелениград – с. Јамиште.
Вчера имало 42 пожари на отворен простор, од кои во моментов 5 се активни, 4 се под контрола и 33 се изгаснати. Под контрола се пожарите во: Општина Кочани: с. Пресека; Општина Свети Николе: с. Патетино; Општина Пласница: с. Пласница – с. Латово, Македонски Брод и Општина Македонска Каменица: с. Дулица.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вчера кажа дека на територијата на државата помагаат еден хеликоптер од Србија, еден од Чешка, еден од Словенија, два од Унгарија, два „ер-трактора“ од Шведска и два од Германија. На помош е пристигнат и тим од Унгарија со 46 лица, со специјални теренски возила за движење по тешко пристапни предели.