Пилотот на американската авиокомпанија „Делта ерлајнс“ Кит Розенкранц изнајмил авион „ербас A330“ од компанијата за неговото пензионирање и летал за Хаваи заедно со 112 пријатели и членови на семејството. Ги поканил пилотите кои го пропуштија последниот лет пред пензионирање поради пандемијата, а со сопругата ги обновија и венчалните завети.
Изнајмувањето на авионот го чинеше „добра годинашна плата“, рече 64-годишниот Розенкранц и додаде: „Не можеш да ставиш цена на нешто што е толку големо. Не сакаш еден ден да бидеш најбогатиот човек на гробиштата“.
Розенкранц одел во средно училиште веднаш до северната писта на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес. Во текот на неговите 33 години како пилот на „Делта ерлајнс“, Розенкранц го лулал авионот лево-десно за поздрав кон неговото школо секогаш кога полетувал од аеродромот во Лос Анџелес.
„Можеби има младо момче или млада девојка што седи на тој прозорец и сонува да лета исто како што јас летав“, вели тој.
На 28 февруари, го заниша авионот „ербас А330нео“ за последен пат како дел од она што можеби е најкул забава за пензионирање досега. По 16 месеци планирање, Розенкранц го изнајми големиот авион од „Делта“ за да превезе 112 пријатели и членови на семејството. Патниците беа од различни фази од неговиот живот: луѓе од основно училиште до колеџ, од воените воздухопловни сили, до колеги од „Делта“ и соседи од Тексас.
Розенкранц вели дека ја добил идејата во октомври 2022, бидејќи за многу од неговите колеги пензионирањето било нарушено поради пандемијата. Успеал да испреговара пониска цена за изнајмувањето на авионот, оти укажал дека тој е вработне во компанијата, а не комерцијален клиент. Во Лос Анџелес, авионот беше пречекан со поздрав од водени топови, што стана реткост поради ограничувањата на водата во градот. Розенкранц рече дека тој е вториот пилот во девет години кој ја добил оваа чест.
Патувањето продолжи на Хаваи. Потребни беа четворица пилоти бидејќи прописите забрануваат пилотирање и на домашен и на прекуокеански лет во еден ден.
Розенкранц рече дека го запознал пилотот кој на ова патување бил негов прв офицер уште кога како 16-годишнци работеле во супермаркет. Случајно, последниот лет на Розенкранц со „Делта“ се случи на годишнината од неговиот последен лет со борбен авион Ф-16 во 1991. Во „Делта“, тој запознал ветеран од Виетнамската војна кој го охрабрил да напише мемоари откако ги слушнал неговите приказни од Заливската војна. „Отровници во бурата“ беше објавена во 1999. Розенкранц рече дека им одговарал на читателите кои биле инспирирани да се приклучат на војската. Станал добар пријател со читателот Исак, кој заврши во истата ескадрила на воздухопловните сили. Години подоцна, тие пилотирале на „А320“ на „Делта“.
Розенкрац вели дека држел говори во училиштата и дека секогаш ги прашувал децата кога мислат дека работел последен пат.
„Им велев дека не сум работел од 1983, кога работев бев во супермаркет. Оттогаш, добивам плата за да летам со авиони“, вели Розенкранц.