ВЛАДАТА ГИ НАГРАДИ МЛАДИТЕ КОШАРКАРИ СО 49.000 ЕВРА ЗА ОСВОЕНАТА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

    ВЛАДАТА ГИ НАГРАДИ МЛАДИТЕ КОШАРКАРИ СО 49.000 ЕВРА ЗА ОСВОЕНАТА ЕВРОПСКА ТИТУЛАПремиерот Мицкоски денеска ги прими златните кошаркари (Фото: Фејсбук)

    Владата денеска донесе одлука да ги награди младите македонски кошаркари со три милиони денари (49.000 евра) за освоеното прво место на неодамнешното Европско првенство во Скопје.

    Оваа златна генерација донесе осум победи за Македонија. Горди сме на нивниот успех, со срце и енергија за Македонија и нејзината спортска промоција“, објави премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

    Македонската кошарка во неделата го освои првиот златен медал откако младинската репрезентација триумфираше на ЕП од Б-дивизијата, совладувајќи ја Австрија во финалето со 98:88. Покрај титулата, кошаркарите за награда добија и пласман во елитната А-дивизија и настап на следното Европско првенство во Србија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира