ЕДНИ ТЕФТЕРЧИЊА ОД ЕДНО МИНАТО СЕ ЗАМЕНИЈА СО ДРУГИ И ЗАТОА ИМАМЕ ВАКВИ СУДСКИ ОДЛУКИ, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

    ЕДНИ ТЕФТЕРЧИЊА ОД ЕДНО МИНАТО СЕ ЗАМЕНИЈА СО ДРУГИ И ЗАТОА ИМАМЕ ВАКВИ СУДСКИ ОДЛУКИ, РЕЧЕ МИЦКОСКИМицкоски денес беше во посетата на Клиниката за дигестивна хирургија.(Фото: К. Попов)

    Премиерот Христијан Мицкоски смета дека бегството на Блерим Рамадани, кој избега од куен притовр а е баран со потерница и екстрадиција од Србија како осомничен за воени злосторства во Косово, е резултат на корумпираноста на правосудниот систем и вели дека „едни тефтерчиња од минатото се заменети со други од Струмица и Мала Речица“.

    „Прашањето е зошто е одлучено Блерим Рамадани да биде во домашен притвор. Затоа што одлуката во 2019 година на Врховен суд е многу јасна, кога лицето што било во екстрадициски притвор. Зошто овој судија кој во минатото е познат по многу контраверзни судски одлуки, меѓу кои и онаа за насилниците и тепачите на М-НАВ, носи одлука и ја суспендира судската пракса и ја надсинхронизира одлуката на повисок суд? Сè додека вакви судии се дел од правосудниот систем ние нема да имаме правна држава. Зошто овој судија прави ваква судска гимнастика и инженеринг јас нема да го коментирам, си има институција судски совет и тој нека се занимава со тоа. Јас сум политичар и немам право да се занимавам со судски одлуки. Ова не требаше да биде тема и апелирам до сите вас да не дозволиме соседни држави да покажуваат мускули кај нас“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Клиниката за дигестивна хирургија.

    Прашан за коментар за казната за врховниот судија Наќе Георгиев, кој призна вина дека зел мито и спогодбено е осуден на 3 години затвор за дело кое се казнува од 1 до 10 години, Мицкоски рече дека „ако имате корумпоирани судии во Врховниот суд кој е највисок суд, тогаш може да замислите што се случува во другите судови. Едни тефтерчиња од едно минато се заменија со други тефтерчиња, само овие се од Струмица, Бихачка и мала Речица“.

    Премиерот Мицкоски и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, алудира на тефтерчињата од времето на Владата на неговата партија на чело со Никола Груевски. Во дел од прислушуваните разговори кои тогашниот опозиционен СДСМ ги објави во 2015 во јавноста познати како „бомби“, имаше и разговори на Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јакуловска и други владини и државни функционери како се договараат за правење тефтерчиња со имиња за избор на судии и обвинители. Коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ во таа влада беше ДУИ, со седиште во Мала Речица.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира