ВО ЛОНДОН СЕ ЗАПАЛИ КРАЛСКАТА ПАЛАТА СОМЕРСЕТСКИ ДОМ, ВО КОЈА СЕ НАОЃААТ ВРЕДНИ УМЕТНИЧКИ ДЕЛА

    ВО ЛОНДОН СЕ ЗАПАЛИ КРАЛСКАТА ПАЛАТА СОМЕРСЕТСКИ ДОМ, ВО КОЈА СЕ НАОЃААТ ВРЕДНИ УМЕТНИЧКИ ДЕЛАПричината за пожарот не е позната (Фото: АП)

    Повеќе од 125 пожарникари го гаснеа пожарот во кралската палата Сомерсетски дом во Лондон, голем уметнички центар каде што се сместени дела на мајстори како Ван Гог, Мане, Сезан и Рубенс.

    Од зградата излегуваше густ чад, а на покривот можеше да се види пламен, додека пожарникарите на високи скали прскаа со вода. Видеоснимки покажаа дека огнот создал дупка на покривот на зградата сместена покрај реката Темза.

    Причината за пожарот не е позната. Нема повредени, а вредните уметнички дела не биле во делот зафатен со пожарот. Во зградата денеска требало да се одржува брејкденс настан.

    Оган бил забележан околу пладне во еден агол од западното крило. Зградата веднаш беше евакуирана, а нашите екипи брзо пристигнаа. Во опожарениот дел се наоѓаат канцеларии, таму нема уметнички дела“, изјави Џонатан Рики, директорот на Сомерсетскиот дом.

    Елизабета Втора живеела во оваа палата пет години додека била принцеза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира