Петнаесетгодишно лице е уапсено по нападот во западниот германски град Солинген, во кој три лица загинаа, соопшти германската полиција. Нападот се случи вчера за време на фестивалот во центарот на градот.
Тинејџерот е осомничен дека претходно знаел за нападот и не пријавил во полиција. Полицијата додаде дека идентитетот на напаѓачот останува нејасен и дека истрагата е во тек.
Полицијата исто така, потврди дека три лица загинале: двајца мажи – на возраст од 67 и 56 години и една жена на 56 години.
Уште осум лица се повредени, четворица се борат за живот, соопшти полицијата.
Мотивот на осомничениот не е познат, но полицијата соопшти дека не може да исклучи „терористички мотив“.
Началникот на полицијата ги повика луѓето да не шпекулираат на социјалните мрежи и апелираше до јавноста за повеќе информации.
Полицијата откри и дека пронашла „повеќе ножеви“ и истражува дали еден од нив бил вклучен во нападот.
Градот славеше 650 години од основањето.