СКОПЈЕ Е МЕЃУ ДЕСЕТТЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ КОИ СЕ НАЈЛОШИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ, НАЈСТРАШНИ СЕ ЗАГАДУВАЊЕТО И КОЛИТЕ, ВЕЛИ НОВ ИЗВЕШТАЈ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА

    СКОПЈЕ Е МЕЃУ ДЕСЕТТЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ КОИ СЕ НАЈЛОШИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ, НАЈСТРАШНИ СЕ ЗАГАДУВАЊЕТО И КОЛИТЕ, ВЕЛИ НОВ ИЗВЕШТАЈ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈАИстражувањето опфати бројни аспекти од урбаниот живот и Скопје најчесто се наоѓа на дното на листите (Фото: СДК.МК)

    72% жители на Скопје се задоволни со животот во главниот град, покажа ново истражување за квалитетот на животот во европските градови што го спроведе Европската комисија. На врвот на оваа листа е Цирих, каде што 97% од граѓаните се задоволни со животот, следен од Копенхаген (96%) и Гронинген (96%), додека на дното се Палермо (62%), Атина (65%), Истанбул (65%)… Зад Скопје се и Рим, Белград, Неапол и Тирана.

    Истражувањето опфати бројни аспекти од урбаниот живот и Скопје најчесто се наоѓа на дното на листите. Така само 13% граѓани сметаат дека квалитетот на животот во градот се подобрил во изминатите пет години.

    Скопје е на последното место на листата во поглед на здравствената заштита, од што се задоволни само 27% граѓани, покажа истражувањето. Само 12% жители се задоволни со квалитетот на воздухот во градот, што исто така му го донесе последното место, а со општата чистота 23%.

    Скопје е најлошиот град за живеење за имигранти. Само 33% испитаници сметаат дека е добар за нив, а 38% граѓани рекле дека Скопје е добро место за припадниците на ЛГБТИ заедницата.

    Во поглед на безбедноста ноќе, Скопје котира во средината, 60% од испитаниците се задоволни со својата работна ситуација во градот, а 65% сметаат дека лесно може да се најде добро сместување за пристојна цена, во што Скопје е само зад Оулу (Финска) и Олборг (Данска).

    Дури 51% од жителите на Скопје не се задоволни со финансиската ситуација во своето домаќинство, полошо е само во грчките градови Атина и Хераклион.

    Во поглед на превозот, 64% луѓе користат автомобил во типичен ден во Скопје, во што е на третото место во Европа, а само 47% се задоволни со јавниот превоз.

    Граѓаните на Скопје не се задоволни многу ни со културниот живот. Позитивно се изјасниле 56% испитаници, повеќе само од Подгорица, Тирана и Валета. Во исто време, само 36% се задоволни со состојбата со зеленилото во градот, што исто така е при дното на листата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира