Расте бројот на жртвите што ја погодија Централна Европа викендов, при што се пријавени уште загинати во Чешка, Полска и Австрија.
Во Чешка, едно лице се удави близу градот Брунтал, додека седуммина уште се водат како исчезнати. Досега е потврдена смртта на четворица луѓе во Полска, но министерството за внатрешни работи кажа дека оваа бројка не е конечна.
Во Австрија се удавија двајца мажи на возраст од 70 и 80 години во североисточниот дел на земјата. Еден од нив наводно настрадал кога се обидувал да ја испумпа водата од својот стан.
Ова се надоврзува на осумтемина загинати во Полска, Романија и Австрија овој викенд, вклучувајќи еден пожарникар.
Иако ситуацијата се стабилизираше во некои делови на Централна Европа, други области се подготвуваат за нови непогоди. Се најавуваат нови врнежи во Австрија, Чешка и југоисточна Германија, а бурата Борис сега се движи и кон Италија.
Во Словачка, надојдениот Дунав предизвика поплавување во Стариот Град во Братислава, при што водостојот надминал девет метри и се очекува да продолжи да расте. Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги откажа сите свои меѓународни обврски поради екстремното време и поплавите во земјата.
Полска, каде што се евакуирани илјадници луѓе, денеска прогласи состојба на природна катастрофа, додека австрискиот канцелар Карл Нехамер ја распореди војската во областите погодени од невремето.