Александар Ѓорчевски, таткото на убиената 14-годишна Вања, на денешното судско рочиште рече дека не учествувал во грабнувањето на неговата ќерка, како што тврди Обвинителството.
„Јас загинав на 27 ноември, чувствувам болка што не може да се објасни со зборови. Но, во овој процес ќе помогнам целосно да се расчисти оваа работа со имиња и презимиња”, рече Ѓорчевски.
Тој пред судот се изјасни дека не е виновен за делото за кое се товари од Обвинителството. Според обвинителниот акт, Ѓорчевски бил во контакт со Љупчо Палевски-Палчо и му давал информации кога Вања сама ќе оди во училиште за да биде грабната и да се бара откуп.
А. АНТЕВСКА