КОЛА ЈА УДРИ И ЈА ИСКРИВИ ЖЕЛЕЗНАТА ОГРАДА НА КАМЕНИОТ МОСТ НА БРЕГАЛНИЦА СТАР 350 ГОДИНИ

    КОЛА ЈА УДРИ И ЈА ИСКРИВИ ЖЕЛЕЗНАТА ОГРАДА НА КАМЕНИОТ МОСТ НА БРЕГАЛНИЦА СТАР 350 ГОДИНИАвтомобилотот не излетал од мостот, туку по ударот во оградата се вратил на коловозот, во првата сообраќајка на најстариот мост на Брегалница. (Фото: СДК.МК)

    Синоќа во еден часот во Штип, кола удри и ја искриви железната ограда на мостот стар 350 години.  Возачот не успеал да ја фати кривината пред самиот мост, па со колата се искачил на троаторот и удрил во оградата.

    Според штипската полиција која извршила увид на местото на сообраќајката, автомобилот не излетал од мостот, туку по ударот во оградата се вратил на коловозот.  На повредните им е укажана помош.

    Ова е прва сообраќајка од ваков вид  на овој најстар мост на реката Брегалница, изграден во 1672 година. Мостот досега е реновиран неколкупати, но на едниот крај при влезот во Штип не е направено ништо остратата кривина пред самиот мост да се прошири и ублажи. Досега имало повеќе случаи да се изгуби контрола над возилата при влегувањето во мостот, но ова е првпат железната ограда да биде разнесена. Сепак, цврстината на оградата што не дозволила возилото да падне во Брегалница.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира