БИВШИОТ ТУРСКИ ФУДБАЛЕР СЕРХАТ АКИН ЗАСТРЕЛАН ВО НОГА ОТКАКО КОМЕНТИРАЛ НАТПРЕВАР НА ФЕНЕРБАХЧЕ

    БИВШИОТ ТУРСКИ ФУДБАЛЕР СЕРХАТ АКИН ЗАСТРЕЛАН ВО НОГА ОТКАКО КОМЕНТИРАЛ НАТПРЕВАР НА ФЕНЕРБАХЧЕАкин кажа дека во последно време добивал закани (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Поранешниот турски фудбалер Серхат Акин бил застрелан во стапало набргу по завршувањето на натпреварот од Лига Европа помеѓу Фенербахче и белгискиот клуб Унион Сен-Жилоаз. Инцидентот се случил откако тој го следел натпреварот како коментатор во ТВ-студио во Истанбул.

    „Ме застрелаа во стапало по емисијата. Мојот последен збор беше Фенербахче“, изјави 43-годишниот Акин.

    Тој во последно време беше доста критичен кон управата на Фенербахче, за кој настапуваше од 2000 до 2005 и освои три шампионски титули. Пет дена пред натпреварот, Акин кажа дека добивал закани.

    „Не се плашам од никого. Заканите ништо не ми можат. Претседателот на клубот им се заканува на тие кои не може да ги купи“, кажа Акин, кој 16 пати играше за репрезентацијата на Турција.

    Фенербахче го осуди нападот врз Акин, а властите кажаа дека почнале истрага.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира