ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ОФОРМИ ПРЕДМЕТ ЗА ЛАНСКОТО НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ НА СКОПЈЕ БЕЗ ТЕНДЕР

    ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ОФОРМИ ПРЕДМЕТ ЗА ЛАНСКОТО НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ НА СКОПЈЕ БЕЗ ТЕНДЕРОткако лани Финансиската полиција влезе во Градот да врши проверки, Арсовска објави фотографија како игра шах со Дедо Мраз. (Фото: Град Скопје)

    Финансиската полиција оформи предмет за ланското новогодишното украсување на Скопје за што немаше тендер. Како што велат од Финансиската полиција, во моментов се вршат проверки.

    „Во тек се проверки за утврдување на фактичката состојба, како и прибирање на потребниот доказен материјал, но поради тајност на предистражната постапка согласно Законот за финансиска полиција и Законот за кривична постапка, не сме во можност за истите подетално да ве информираме“, ни изјавија од Финансиската полиција.

    Финансиската полиција лани во декември влезе во Град Скопје за да провери колку и како се потрошени пари од градскиот буџет за новогодишното украсување на градот. Градоначалничката Данела Арсовска велеше дека за украсувањето се потрошени 30.000 евра, а на сајтот на Бирото за јавни набавки немаше објавено тендер, ниту јавен повик на страната на Град Скопје. Арсовска не кажа ниту која фирма го украсуваше градот.

    Откако лани Финансиската полиција влезе во Градот да врши проверки, градоначалничката Арсовска на официјалниот фејсбук профил објави фотографија како игра шах со Дедо Мраз.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира