СПАСУВАЧКИТЕ ЕКИПИ БАРААТ ПРЕЖИВЕАНИ ВО УРНАТИНИТЕ ПО ПОПЛАВИТЕ И СВЛЕЧИШТАТА ВО БИХ

    СПАСУВАЧКИТЕ ЕКИПИ БАРААТ ПРЕЖИВЕАНИ ВО УРНАТИНИТЕ ПО ПОПЛАВИТЕ И СВЛЕЧИШТАТА ВО БИХПоради поплавите, вчера од каменоломот над Доња Јабланица почнало свлечиште кое се излеало врз куќите и автомобилите во селото.(Фото: Пиксел)

    Спасувачите денеска копаат низ урнатините во селото Доња Јабланица во потрага по луѓето кои исчезнаа во најсмртоносните поплави во Босна и Херцеговина во последните години што ја вчера ја погодија земјата. Багер расчистуваше урнатини за да открие автомобили и куќи, додека спасувачите стоеја за да видат дали има преживеани.

    Кантоналниот владин претставник Дарко Јука, денеска изјави по составувањето на сите податоци, владата заклучила оти 13 лица загинале во областа Јабланица, 70 километри југозападно од Сараево. Вчера Јука изјави дека загинале 16-мина, денеска босанскиот Црвен крст соопшти дека во земјата 24 се загинати, а десетици се водат како исчезнати.

    Силниот дожд во текот на ноќта ја прекина потрагата, која продолжи откако престана да врне. Во Доња Јабланица многу куќи сè уште се затрупани. Поради поплавите, вчера од каменоломот над Доња Јабланица почнало свлечиште кое се излеало врз куќите и автомобилите во селото.

    Поплавите следуваат по невидената летна суша која предизвика пресушување на многу реки и езера и влијаеше на земјоделството и снабдувањето со вода во урбаните области низ Балканот и поголемиот дел од Европа. Метеоролозите велат дека екстремните временски промени може да се припишат на климатските промени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира