Легендарниот холандски фудбалер Јохан Нескенс почина на 73 години, објави Холандската фудбалска федерација. Играчот од средниот ред беше дел од славната генерација на Ајакс и на холандската репрезентација која го промовираше „тоталниот фудбал“ во 1970-тите.
Нескенс одигра 49 натпревари за Холандија, со која изгуби во финалето на светските првенства во 1974 и 1978. Во исто време, освои три европски титули со Ајакс и две во домашното првенство.
Нескенс помина и пет сезони во Барселона, со која славеше во Купот на победниците на куповите, а потоа и шест години во Њујорк Космос.
Откако ја заврши играчката кариера во 1991, Нескенс водеше повеќе клубови како тренер и беше дел од стручниот штаб на холандската репрезентација од 1995 до 2000.