СИНОТ НА ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ НЕ ПРЕСТОЈУВАЛ ВО САД НА ДРЖАВЕН ТРОШОК, ВЕЛИ АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА

    СИНОТ НА ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ НЕ ПРЕСТОЈУВАЛ ВО САД НА ДРЖАВЕН ТРОШОК, ВЕЛИ АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈАСпоред фотографија споделена на социјалните мрежи, снимена на терасата на Институтот за надворешна политика на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ каде премиерот Мицкоски одржа предавање на почетокот на посетата на 8 јули, Јован е во друштво на татка си, на американскиот експерт Едвард Џозеф и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

    Авионските карти и хотелското сместување за престојот на синот на премиерот Христијан Мицкоски во САД јули не се резервирани, ниту платени преку Службата за општи и заеднички работи на Владата, рече Зоран Богоевски, член на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница.

    Осумнаесетгодишниот Јован Мицкоски го придружуваше татка си на официјалното патување во САД за Самитот на НАТО во Вашингтон, на кој се одбележаа 75 години од формирањето на Алијансата. Според фотографија споделена на социјалните мрежи, снимена на терасата на Институтот за надворешна политика на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, каде што премиерот Мицкоски одржа предавање на 8 јули, Јован е во друштво на татка си, американскиот експерт Едвард Џозеф и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

    Богоевски кажа дека согласно добиената документација од Владата, од Организацијата на НАТО на 10 јуни била испратена покана за државна делегација за НАТО самитот. Во државната делегација имало 21 лице: претставници од канцеларијата на премиерот, министерствата за надворешни работи, одбрана и за внатрешни работи, Амбасадата на Македонија во Вашингтон и од постојаната делегација на Македонија во НАТО.

    Резервацијата на авиобилетите била направена од Службата за општи и заеднички работи, а се однесува на 21 лице и во овој список не е наведено името на синот на премиерот.

    „За него се доставени фискални сметки од исплата во готово. Во однос на сместувањето, лицето не престојувало во хотелите каде што била сместена државната делегација, туку во апартмани и тие не се фактурирани на име на делегацијата. Фактурите за сместувањето во апартмани се на име на физичко лице. Лицето не било дел од официјалната делегација и не присуствувало на ниту еден официјален состанок или средба, туку само на предавањето на неговиот татко“, кажа Богоевски.

    Членовите на Антикорупциската комисија заклучија и изгласаа дека постапката се затвора бидејќи нема прекршување на одредбите и нема елементи за понатамошно постапување.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира