АНАЛИЗИТЕ ПОКАЖАА ДЕКА ВОДАТА ВО СТРУМИЦА МОЖЕ ДА СЕ ПИЕ, НО ЧЕКАМЕ ДОЗВОЛА ОД ИНСТИТУЦИИТЕ, ВЕЛИ КОСТАДИНОВ

    АНАЛИЗИТЕ ПОКАЖАА ДЕКА ВОДАТА ВО СТРУМИЦА МОЖЕ ДА СЕ ПИЕ, НО ЧЕКАМЕ ДОЗВОЛА ОД ИНСТИТУЦИИТЕ, ВЕЛИ КОСТАДИНОВУтрово се измерени 0,0017 грама на литар вода што е дозволено како питка вода. (Фото: СДК.МК)

    Се нормализираат вредностите со манган во водата за пиење во Струмица. Ова го покажале последните испитувања направени од ЈП Комуналец“, кои се движат во рамките на дозволените граници според Правилникот за безбедност на водата.

    Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов кажа дека утрово се измерени 0,0017 грама на литар вода, што е дозволено како питка вода. Но, сепак ќе се почекаат и анализите од контролите од Агенцијата за храна и ветеринарство и од Институтот за јавно здравје пред да се даде дозвола за користење на водата од водоснабдителниот систем кој беше забранет околу три недели.

    Оптимист сум дека после две или три последователни контроли и анализи од институциите и акредитирани лабаратории ќе добиеме решение од Агенцијата за храна и ветеринарство дека водата во Срумица и неколкуте населени места може да се користи како питка вода. Анализите ни покажуваат дека во филтер-станицата во Комуналец имаме питка вода, но не смееме да ја одобриме сè додека институциите не дадат решение“, кажа градоначалникот Костадинов.

    Костадинов паралелно побара да бидат објавени анализите од испитувања на водата во браната Турија од каде со вода се снабдуваат општините Струмица и Василево. Според него, мора да се знае квалитетот на водата во браната за да се работи на одредени решенија и во иднина да не се случуваат несакани работи.

    Пред три недели, поради зголемени количини на манган во сировата вода од браната Турија, филтер-станицата на ЈП Комуналец во Струмица не беше во можност да ја обработи по што следеше забрана за користење на водата за пиење. Комуналец почна со дистрибуција на вода со канистри по улиците и шесте населени места.

    Освен во Струмица, забрана има и во Општина Василево која исто така вода добива од браната Турија.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира