10 МИЛИОНИ ЕВРА НАРОДНИ ПАРИ СЕ ПОТРОШЕНИ ЗА РЕКЛАМИРАЊЕ НА ПАРТИИТЕ ВО ИЗБОРНАТА КАМПАЊА, АНТИКОРУПЦИСКА БАРА ДА СЕ УКИНЕ

    10 МИЛИОНИ ЕВРА НАРОДНИ ПАРИ СЕ ПОТРОШЕНИ ЗА РЕКЛАМИРАЊЕ НА ПАРТИИТЕ ВО ИЗБОРНАТА КАМПАЊА, АНТИКОРУПЦИСКА БАРА ДА СЕ УКИНЕАнтикорупциската комисија бара да се укине финансирањето на изборната кампања со народни пари. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Околу 10 милиони евра од Буџетот на државата се потрошени за рекламирање на политичките партии во кампањата за претседателките и парламентарните избори, според извештајот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). За изборите кои се одржаа во мај годинава, дури 90 отсто од овие пари отишле кај големите партии, додека помалите политички партии кои учествуваа на изборите добиле само мал дел од средствата.

    За политичко рекламирање за претседателските избори од буџетот се потрошени 5,7 милиони евра, додека за парламентарните избори 4 милиони евра. Најмногу пари се дале во телевизиите. Комплетно изостанува контрола во начинот на кој се давани парите во електронските медиуми. Сметаме дека ваквиот начин на финансирање на изборната кампања со народни пари треба да се укине“, рече Цвета Ристовска, членка на ДКСК на денешното претставување на извештајот за спроведување на изборите.

    Од ДКСК кажаа дека и на овие избори службените возила се користени за изборни цели и за тоа имаат голем број претставки. Дури десет министерства не доставиле информации кои биле побарани од ДКСК.

    Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко кажа дека ако во иднина се продолжи со финансирање на изборната кампања со пари од буџетот, тогаш ДИК не треба да биде институцијата која ќе ги дели парите на медиумите.

    ДИК е надлежна за спроведување на изборите, а не да склучува договори со приватните медиуми за рекламирање и да потпишува договори. Ние имаме работни обврски и не можеме да бидеме сервис на партиите. Тоа ни го одзема времето и енергијата од главните законски обврски за спроведување на изборите“, рече Кондарко.

    За изборите, 249 портали, 37 телевизии, 35 радија и 11 весници беа пријавени во регистарот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали, за да вршат платено политичко рекламирање.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира