НИКОГАШ НА ТРКА НЕ МИ ДОШЛО ДА СЕ ОТКАЖАМ – ПОДКАСТ СО УЛТРАМАРАТОНКАТА КАТЕРИНА ШИПОВИЌ

    НИКОГАШ НА ТРКА НЕ МИ ДОШЛО ДА СЕ ОТКАЖАМ – ПОДКАСТ СО УЛТРАМАРАТОНКАТА КАТЕРИНА ШИПОВИЌШиповиќ вели дека завршувањето на еден ултрамаратон ја прави исполнета, реализирана, среќна, емотивна, а по неколку дена одмор е веќе спрема за следните физички активности. (Фото: СДК.МК)

    Катерина Шиповиќ неодамна по вторпат во својата ултрамаратонска кариера ја истрча трката Спартатлон во Грција, долга 246 километри. Тоа е трка што мора да се заврши за 36 часа, а на Шиповиќ овојпат ѝ требаа 34 часа и 29 минути. Во подкастот „За секого по нешто“ на САКАМДАКАЖАМ.МК таа раскажува како се трча по асфалт, селски патеки, ниви, планина, во ни малку лесни временски услови за да се помине дистанца со историско значење и нема простор за долги одмори.

    Шиповиќ вели дека завршувањето на една ваква трка ја прави исполнета, реализирана, среќна, емотивна, а по неколку дена одмор е веќе спрема за следните физички активности.

    Подкастот со Шиповиќ можете да го гледате тука:

    Вели дека за време на трките никогаш не ѝ се случило да се соочи со мислите дека ќе се откаже, иако на Спартатлонот имала период од 20-30 километри кога почнала да губи енергија, што потоа успеала да го надмине.

    Шиповиќ вели дека секогаш ѝ било предизвик да трча и да се обидува да истрча што повеќе и повеќе, а тоа што во нејзиното потесно семејство има и други ултрамаратонци не го смета за меѓусебно натпреварување.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира